Диего Армандо Марадона почина на 61-годишна возраст по компликации со белодробен ендем.
Тој е погребан денес во Буенос Аирес.
Истрагата за неговата смрт е отворена затоа што некои блиски луѓе се пожалија дека брзата помош пристигнала предоцна.
– Луѓето велат дека неговата смрт можела да биде спречена, но тоа е приказна што може да се примени на целиот негов живот. Диего секогаш беше сам, а луѓето мислеа на него само како Марадона. Тој тешко го носеше товарот на славата, беше чувствителен, несигурен, но со весел дух – изјави пријателот и менаџер на Марадона, Стефано Цеци.
– Тој не сакаше повеќе да живее. Тој се предаде и физички и психички, мислам дека се измори и дозволи смртта да си го направи своето. Тој сакаше да умре. Никогаш не успеал да најде вистински мир заради хаосот во семејството, а сега е барем со своите родители, кои најмногу ги сакаше. Сега конечно најде мир, истакна тој.