„Пријатели“ ќе ве научат на шест важни љубовни лекции

од desk4
314 прегледи

Секој вистински обожавател на „Пријатели“ научил некаква животна лекција благодарение на омилените ликови од серијата. Без разлика дали тоа е вредноста на вистинското пријателство, како на Џои и Чендлер, организациските вештини на Моника, мистериозната способност на Фиби да ја види секогаш светлата страна на животот или како љубовта да биде како таа меѓу Рос и Рејчел…

Од оваа популарна серија, освен што добро се смееме, можеме да научиме и по некоја лекција за љубовта и врските:

1. Нема ништо лошо во тоа пријателството да прерасне во врска

Вистинското пријателство всушност може да биде добра основа за среќна и зрела врска. Чендлер и Моника беа пријатели долго време пред „таа ноќ во Лондон“ и ова се покажа како клучот за нивниот стабилен и инспиративен однос. Тие ги познаваа добро своите недостатоци, но и квалитети. Лекцијата што треба да се научи овде е дека понекогаш ги исклучуваме своитепријатели како потенцијални партнери само затоа што сме биле пријатели премногу долго.

2. Љубомората и недостатокот на комуникација можат да бидат смртоносна комбинација

Дефинитивно има нешто да научиме од разделбата на Рос и Рејчел, но и од нивната целокупна врска, во која често недостасуваше комуникација, но и имаа доста љубоморни испади еден кон друг.

3. Сите пречки и разлики можат да се надминат

Мајк и Фиби имаа различни визии за животот – Мајк не сакаше да се ожени поради тешкиот развод, додека Фиби сонуваше еден ден да носи бел фустан. Двајцата се разделија откако сфатија дека бараат различни работи, но благодарение на Моника тој сфати дека сепак Фиби е неговата љубов и дека ќе направи сè што треба само за да остане со неа.

4. Размислете дали вие и вашиот партнер имате исти очекувања од врската

Моника и Ричард имаа слатка љубовна приказна, но секако, имаше нешта кои двајцата не можеа да ги надминат уште на самиот почеток на нивната врска. И додека Ричард, 20 години постар, имаше деца и внуци, Моника сонуваше за создавање свое семејство. Затоа и сфатија дека немаат заеднички очекувања.

5. Ултиматумите ја раскинуваат дури и најстабилната врска

Емили прифати да оди со Рос во Њујорк, но само ако тој вети дека никогаш повеќе нема да ја види Рејчел. И иако веруваше дека ќе го стори тоа, тогаш тој сфати дека е невозможно. Сите разбираме колку беше вознемирена Емили од целиот љубовен триаголник, но ставањето на строги ултиматуми наместо разумни граници ја уништи оваа врска.

6. Секое прекинување на лоша врска е благослов

Да соберете храброст за да го започнете животот од почеток, не е лесно. Кога Рејчел реши да го напушти Бери на олтарот, не ѝ беше лесно, но ѝ беше јасно дека не е среќна. Оставањето на Бери беше ризик што таа беше подготвена да го преземе. Така, таа го започна својот живот од самиот почеток, споделувајќи стан со нејзината средношколска другарка, Моника. Приказната на Рејчел нè научи дека прекинувањето на лошата врска, без оглед колку е сериозна, понекогаш може да биде најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

Слични содржини