133
По обилните врнежи од дожд во Виница досега пријавени се 30- 40 објекти како поплавени, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Интервенираат: од ЈКП Солидарност Виница со 1 пумпа и 2 вработени, ТППЕ Виница со 2 пумпи и 4 пожарникари и од ТППЕ Кочани со 3 пумпи и 6 пожарникари. Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, велат од ЦУК.