Приказна за боите и среќата

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Секое утро го почнуваме денот со чаша кафе или чај, потоа следат рутинските обврски, средба со пријатели, семејството. И така секој ден, без особени промени додека не ни здодее или животот не нè соочи со уште еден тест.
Тогаш боите на светот крај нас како да се губат и гледаме сите во сива боја. Размислете само денес колку пати се пожаливте и колку пати забележавте убави нешта крај вас?

Предупредувачката приказна подолу ќе ви напомни дека е важно да се обрне внимание на сето крај нас, за да не ги пропуштиме оние работи кои ќе ни донесат насмевка и среќа.

Приказна за боите и среќата

Еден мудар кинески учител му рекол на својот ученик:
– Те молам, погледни наоколу добро во оваа соба и обиди се да видиш сè што е во кафеава боја.
Ученикот се завртел. Во собата имало многу предмети во кафеава.
– А, сега затвори ги очите и обиди се да ги наведеш сите предмети со сина боја, рекол мудрецот. Тогаш момчето се туфкало и мислело.
– Но, јас не видов ништо во сино!
Тогаш учителот рекол:
– Отвори очи и види колку сини нешта има тука.

Ги погледнал сите тие пропуштени предмети.
– Но, тоа беше трик. Нели вие ми наредивте да ги барам само предметите во кафеава?
Учителот воздивнал и додал со насмевка:
– Токму тоа сакав да ти покажам. Ти бараше и наоѓаше само кафеава боја. Токму така е со тебе и во животот. Го бараш и наоѓаш само лошото и го пропушташ убавото.