Од моментот на нашата појава на овој свет, ја бараме својата среќа. Судбината секогаш наоѓа начин да ни поткаже каде и како да ја најдеме. Следната поучна приказна ќе ви напомни за овие знаци на судбината и за тоа како треба да ја барате среќата.
Приказна за сиромавиот и жешкиот камен
Некогаш имало една библиотека, која изгорела во пожар. Од нејзините книги преживеал само еден ракопис. На него наишол некој книжар, кој го оставил на полица во книжарница помеѓу книгите. Така минале години, а ракописот бил како заборавен.
Никој од купувачите не му обрнувал внимание. Нов сопственик ја купил книжарницата и решил да се ослободи од непотребните книги. Меѓу отфрлените бил и стариот ракопис. На него налетал бедник, кој си барал со што да запали оган.
Непосредно пред да го запали ракописот, прочитал што пишува во него “Оној човек, кој ќе најде на морскиот брег жежок камен, ќе најде нешто за што сонував.”. Бедниот човек се упатил кон морето, за да го пронајде предметниот камен. Камењата кои ги допирал биле студени и тој повторно ги враќал во морето.
Така барал со денови, недели, месеци, години. И еден ден неговата рака се допрела до жежок камен, но тој по навика го фрлил во морето.
Заклучокот од оваа приказна е дека кога сме во потрага по подобра иднина за себе е добро да се гледа внимателно во секој детаљ, а не да се препуштаме на рутината. Среќата речиси секогаш е некаде крај нас. Ако брзаме да ја откриеме, може да се разминеме со него.