Во љубовта секој еден од нас барем еднаш ја направил грешката да ја споредува врската со онаа на пријатели и познаници. Со набљудувањето и правењето глупави споредби, всушност пропуштаме многу работи кои нè оддалечуваат од среќата.
Бидејќи семејната среќа лежи во добрата комуникација меѓу партнерите. Следната предупредувачка приказна сигурно ќе ве натера да размислите за тоа како да ги подобрите односите меѓу вас.
Парабола за среќата и семејството
Во едно село, во соседните куќи, живееле две различни семејства. Од куќата на едните секогаш се слушнале кавги, подвикнувања, додека во другиот дом секогаш владееле тишина и разбирање. Еден ден жената од семејството со кавгите позавидела на среќата на своите соседи и му рекла на својот маж:
– Оди до соседите и види зошто тие секогаш се толку добри и тивки.
Мажот тоа и го сторил. Се сокрил под прозорецот на соседите и гледал. Жената го миела подот, се расеала за малку и излегла од собата. Тогаш влегол сопругот, не ја видел кофата со вода, се сопнал и ја истурил. Во овој момент неговата сопруга се вратила.
– Жал ми е, драги, но морав да завршам нешто итно и затоа кофата со водаја оставив тука.
– Жал ми е, душо, јас сум виновен.
Соседот кој набљудувал си тргнал вознемирено кон дома.
– Е, виде ли нешто? – го прашала неговата сопруга.
– Да! – одговорил нејзиниот сопруг.
– И што?
– Во нивното семејство сите се виновни, а во нашето секој е во право. – одговорил сопругот.