Секој од нас дозволува грешки. Лагата е една од нив. Има благородни лаги и такви кои се со цел да се освои нешто на грбот на туѓата несреќа. Лагата речиси секогаш тежи на совеста на оној кој ја кажал.
Дури и по години таа наоѓа начин да потсети за себе. Затоа е важно да го поправате навреме стореното, дури и да не се откриваме себе, само за да не ни тежи. Денес споделуваме една поучна приказна која ќе ви напомни на тоа.
Парабола за трговецот и камењата
Еден човек купил од пазарот зеленчук. Кога се вратил дома видел дека во кошницата трговците му ставиле не домати, туку купче чакал. Човекот не се вратил да бара сметка за тоа дека бил измамен и продолжил да живее како порано.
Минале 40 години и еден ден на вратата некој му тропнал. Кога отворил домаќинот видел дека на прагот на вратата стои еден старец.
– Здраво, пред години ве измамив и сега доаѓам да побарам прошка од вас. – рекол старецот. Измамениот ги подигнал веѓите и рекол:
– Се сеќавам овој случај, но не ми должите ништо. Камењата во истиот ден ги фрлив во една јама, а вие 40 години ги носите во срцето свое.