Приказната на Валентина и Енцо Фернандез: Го издржувала финансиски кога бил никој, сега ја напушта неа и двете деца кога почна да заработува милиони во Челси

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Додека Челси доживува вистинска преродба во Премиер лигата каде моментално е на второто место, една од најголемите ѕвезди на лондонскиот клуб неодамна имаше приватен љубовен бродолом. Јавноста беше изненадена кога Енцо Фернандез објави дека се разделува со мајката на неговите две деца, Валентина Сервантес.

Овој сега веќе поранешен млад пар пристигна заедно од Аргентина кога Фернандез пристигна во лисабонска Бенфика. Тој со Аргентина ја освои титулата светски шампион, а потоа се пресели во Лондон каде почна да заработува речиси еден милион евра месечно.

Фернандез има само 23 години, додека Валентина е една година постара. Тие веќе имаат две деца и веќе успеале да се разделат.

Атрактивната Аргентинка која се врати во Буенос Аирес конечно проговори за деталите.

„Се беше во ред и одеднаш ми рече дека не сака да биде со мене. Уште некои работи треба да ги испроцесирам, но тоа е тоа, прифатив дека е готово.“

Валентина вели дека го поддржувала младиот Енцо пред тој да успее.

„Кога се запознавме, работев во ресторан и студирав право. Тогаш играше за јуниорите на Ривер Плата, а потоа го префрлија во Б тимот. Почнавме да живееме заедно, па најдов нова работа во телефонски центар. Заработував повеќе отколку што му даваше менаџерот, ништо не ми остануваше. На 19 години веќе бев бремена со Оливија“, ја раскажа Валентина својата приказна.

Британските медиуми веќе шпекулираат дека Фернандез се гледа со некоја друг.

„Тоа не ме интересира, тоа е неговиот живот. Ако тоа не штети на моите деца, нема да му се мешам во животот“, изјави Аргентинецот.

Слични содржини