367
Едноставниот изглед и обичните модни комбинации, без премногу накит и додатоци, веќе извесно време им се омилени на многу од познатите личности низ светот.
Кендал Џенер е фотографирана во сосема лежерно издание додека излегувала од хотел во Њујорк. Она што многумина го забележале е дека таа избрала сосема едноставни парчиња облека, кои одлично ѝ стојат.
Особено внимание привлекле фармерките, кои се со ногавици со рамен крој и висок струк. Овој модел одлично им прилега на сите градби на тело, бидејќи визуелно го намалува струкот, додека правата линија на ногавиците ги издолжува нозете.