Прилагодена набавна цена: Две милијарди вакцини за земји со средни и ниски приходи

од Stefanija Kuzmanovska

Pfizer и BioNTech ветија денес дека ќе достават милијарда дози вакцина против коронавирус во посиромашните земји оваа година и уште една милијарда следната година.

-Компаниите Pfizer и BioNTech се посветени на обезбедување на две милијарди дози од своите вакцини против ковид -19 во земјите со среден и низок приход во следните 18 месеци, од кои една милијарда до крајот на оваа година, рече извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла на Светскиот самит за здравство на Г20.

Бурла рече дека на земјите со ниски примања вакцината ќе им биде понудена по откупна цена, додека земјите со среден приход ќе плаќаат приближно половина од целата цена, што се проценува на 20 долари по доза.

Pfizer и BioNTech изјавија дека допрва треба да одлучат дали нивната нова обврска ќе биде имплементирана преку програмата за вакцини на ООН COVAX и дека не можат да го потврдат тоа во овој момент.

Ова ветување би можело значително да одговори на нерамномерната дистрибуција на вакцините против ковид-19 низ целиот свет, кои досега беа во голема мера продадени во побогатите земји.

Слични содржини