Прилеп нема да добие карантин

од Берта Китинска
245 прегледи

Министерот Венко Филипче кој денеска го посети Прилеп рече дека иако тука има благ пораст на инциденцата на новодијагностицирани случаи постоечките мерки давале резултат. Кривата нa ниво на држава била сериозно зарамнета и имало благо намалување на притисокот во сите болници.

„Вака димензионираните мерки со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана за групирање практично во текот на целото деноноќие еве постепено ја олабавува ситуацијата и заеднички заклучивме дека нема потреба од воведување на дополнителна рестрикција која што не бил имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат меркиите кои веќе се на сила. Болницата во Прилеп е одлиично организирана, пациенти се сместени на 5 одделенија, мобилизирани се сиите лекари и медицински персонал“, изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

Слични содржини