Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да полага за возачка

Имал завршено четврто, а извадил лажно свидетелство за осмо одделение

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.