Прилепскиот тутунски комбинат инсталира опрема за производство нови цигари

од desk3
139 прегледи

tutunski kombinat prilep
„Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп“ ќе ја претстави инсталираната опрема за производство на нови формати цигари, согласно Договорот за стратешко партнерство меѓу двете компании Филип морис интернационал и Тутунски комбинат Прилеп.

Прилепскиот комбинат го почна производството на цигари за новата фирма „Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп“ во септември минатата година со што почна официјално да се спроведува договорот за стратегиско партнерство.

Договорот за стратегиско партнерство беше потпишан во мај минатата година.