Примал плата, а не се појавил на работа 15 години: „Заработил“ половина милион евра

од Nikola Popovski
429 прегледи

Цели 15 години, еден човек, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанзаро, добивал редовна плата, без никогаш да се појави на работа во одделот за итни случаи во случај на пожар, и за тоа време заработил повеќе од половина милион евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека Салваторе С. (66) никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а за да обезбеди такво нешто, Салваторе постојано испраќал лице кое јасно им се заканувало на своите шефови, колеги и семејства, доколку не дозволат Салваторе да работи и да прима плата, пренесува Анса.

Обвинителството ги испитува деталите за случајот, а покрај „серискиот неработник“, како што го нарекува локалниот печат, обвинети се уште шестмина вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Слични содржини