Актерот, поранешен американски фудбалер и борач, Двејн Џонсон, познат под прекарот The Rock, изгледа многу опасно на прв поглед поради неговите огромни мускули, но кога станува збор за неговата двегодишна ќерка Тијана Џиа, тој очигледно е многу „мек“.
Во чест на Меѓународниот ден на жената, кој се прослави пред неколку дена, Џонсон објави симпатично видео со својата ќерка и покажа дека тој е вистински пример за татко кој треба да го има секоја жена. Актерот ја научи својата ќерка од рана возраст да биде добра кон себе и таа секој ден си кажува позитивни работи.
Додека ја држеше Тијана во рацете, 48-годишниот Џонсон ја прашува својата ќерка: „Можеш ли да кажеш: „Јас сум убава девојка“?“, на што Тијана лесно рече дека е „убава девојка“.
„Така е. И што е поважно од тоа, можеш ли да кажеш: „Јас сум одлична девојка?“ Џонсон ја праша својата ќерка, а таа со насмевка одговори: „Одлична девојка“. Гордиот татко тогаш ја замоли Тијана да каже колку е „паметна“ и „многу паметна девојката“.
„Сакам да кажеш„ Јас можам се“, рече Џонсон, а Тијана подготвено одговори: „Сè!“
Ќерките го „вртат“ околу малиот прст
Покрај Тијана, Џонсон и неговата сопруга Лорен имаат уште една петгодишна – Јасмин а со неговата поранешна сопруга, Дани Гарсија – 19-годишната Симон.
Ѕвездата на филмските серијали „Џуманџи“ и „Брзи и бесни“ приватно е многу симпатично, духовито, дури и малку срамежливо момче посветено на своето семејство. Тој самиот призна дека неговите ќерки го „вртат“ околу мал прст, но не му пречи затоа што обожава да поминува време со нив.
„Моите девојки се мојата рамнотежа, јас сум опкружен со естроген и не би го сменил тоа за ништо. Само се надевам дека никогаш нема да се заморат да ја држат оваа моја голема, диносауруска рака … Иако, за жал, знам дека ќе го сторат тоа“, напиша тој во една пригода со фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил.
„Сфатив дека родителството е најдобрата работа што сум ја имал и ќе ја имам. Отсекогаш сум сакал да бидам добар татко и да им давам на моите девојчиња сè што немав како дете. Бев единец, татко ми беше многу строг и во моето растење немаше многу емоции од негова страна“, рече актерот претходно во едно интервју.