Приморска исфрлена од АБА-лигата

од Nikola Popovski
239 прегледи

Кошаркарскиот клуб Приморска е дисквалификуван од АБА-лигата по откажувањето на натпреварот со Сплит.

Натпреварот од 11-то коло беше закажан за 19 декември, но клубот од Копер ги извести организаторите дека нема да играат.

Бидејќи Приморска не можеше да игра во претходното коло против Борац од Чачак, според правилата на АБА-лигата, следува веднаш исклучување.

Приморска забележа девет порази во исто толку натпревари досега оваа сезона, а понатамошните натпревари ќе бидат регистрирани со резултат 20:0 за нивните противници.

Во понатамошниот тек на сезоната, 13 клуба ќе се натпреваруваат во АБА-лигата.