Принцезата Кејт откри која од навиките на Вилијам најмногу ја нервира

од Vladimir Zorba
938 прегледи

Иако на фотографиите често изгледаат како совршен пар, принцот Вилијам има навики кои ја нервираат Кејт. Неговата „мана“ е поврзана со храната која често се нарачува, а тоа го правела и кралицата Елизабета.

Концептот на кралското семејство најчесто се поврзува со умереност, смиреност и галантност. Ретко ги гледаме опуштено, надвор од протоколите кои им го диктираат животот.

Но, во врската меѓу принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, има и мали нешта со кои обичните луѓе можат да се поврзат. Принцот има навика која особено ја нервира Кејт, а таа зборуваше за тоа во 2018 година за време на посетата на Кипар, пишува The Mirror.

Тогаш ја посетија американската база во која се стационирани војници кои празниците ги поминале далеку од своите семејства. Додека биле во собата за одмор, Вилијам на шега и рекол на Кејт: „Внимавај пицата да не е на каучот“.

Таа го погледнала и му одговорила: „Ти си тој што постојано ја остава на каучот. Ти си вистински кошмар!”.

Кралскиот пар често сака да ужива во храната што ја нарачуваат. Кејт во 2017 година призна дека најмногу сака да јаде кари. Најчесто самите ја подигнувале храната.

И додека Кејт сака зачинета храна, Вилијам не ја дели истата љубов кон неа. Во 2020 година, во разговор со поранешниот фудбалер Питер Крауч, тој рече дека сака да јаде пилешко, но и пицата е незаменлива.

Покојната кралица Елизабета еднаш потврди дека љубовта кон „храната за носење“ не е непозната за кралското семејство. Таа знаеше да ги испрати слугите за вечната британска класика – помфрит и риба.

Слични содржини