Принцот Филип имал посебен прекар за Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Во новата книга за кралското семејство, кралската биографка Ингрид Севард пишува дека покојниот принц Филип, сопруг на британската владетелка Елизабета Втора, имал посебен прекар за Маркл. Зајадливиот прекар бил инспириран од друг член на кралското семејство, кој, исто како Маркл, еднаш го разбранува морето во кое плови кралското семејство, пренесува Best Life.

Според новата книга, принцот Филип ја нарекувал Маркл „војвотката од Виндзор“, што било титула која некогаш ја носела Волис Симпсон.

Кога Едвард Осми во јануари 1936 година, по смртта на неговиот татко, кралот Џорџ Петти, стана крал, тој сакал да се ожени со Симпсон, која тогаш била во процес на развод од нејзиниот втор сопруг. Но, бидејќи владите на Обединетото Кралство и другите земји на доминација се спротивставиле на овој брак, и затоа што Едвард бил поглавар на црквата на Англија, која не дозволуваше разведените да се венчаат повторно ако нивниот поранешен сопружник сè уште е жив, Едвард абдицираше од тронот помалку од една година откако станал крал, а тој и Симпсон потоа се венчале и се преселиле во Франција.

Според Севард, од почетокот на врската на принцот Хари со Американката, принцот Филип ја забележал „необичната“ сличност меѓу Маркл и поранешната војвотка од Виндзор. Севард пишува дека принцот Филип ја предупредил самата кралица да биде претпазлива во пристапот кон новата љубов на Хари. Тој ѝ рекол дека Маркл неверојатно го потсетува на војвотката од Виндзор, не само поради фактот што и двете се слаби, темнокоси и разведени гламурозни Американки. Неговата зајадлива забелешка, исто така, содржела многу поттекст, иако Филип не можел да знае дека во 2020 година Маркл и Хари ќе ги напуштат своите позиции како членови на кралското семејство, ќе се преселат во САД и ќе се дистанцираат од остатокот од семејството, но книгата имплицира дека сопругот на покојната кралица веќе се сомневал дека тие можеби не се задоволни со своите улоги.

Во книгата се наведува дека кралицата Елизабета била „совршено свесна што сакал да каже Филип кога повлекувал паралели меѓу Меган и Волис“, бидејќи таа „го живеела овој бурен период во кралската историја и била директно погодена од него“. Таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, станал крал само затоа што неговиот брат абдицирал. Елизабета никогаш немаше да биде кралица ако не се случела абдикацијата на Едвард.

Слични содржини