Принцот Хари (38) би можел да го загуби правото да живее во Америка, пренесува Page Six. Причината е што тој бил премногу искрен за неговата употреба на дрога во минатото.
Додека некои тврдат дека нема да го избркаат од земјата доколку не заврши во затвор, некои мислат дека тоа би можело да се случи.
– Признавањето за употреба на дрога обично е причина за неприфаќање. Тоа значи дека визата на принцот треба да биде одбиена или укината бидејќи тој признал дека користел кокаин, „печурки“ и други дроги – изјави поранешната федерална обвинителка Наема Рахмани, додавајќи дека нема посебен третман за оние од кралското семејство.
Во своите мемоари, принцот признал дека е зависник од алкохол и дека користел кокаин и марихуана. Хари тврдеше дека само како тинејџер пробал кокаин, но дека како возрасен пробал и голем број психоделици.
На почетокот на овој месец, тој во едно интервју откри дека таквите дроги биле составен дел од неговиот живот некое време.