Принцот Хари и Меган Маркл ја повикаа јавноста да стори повеќе за да се запре ширењето на дезинформации

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја повикаа јавноста да стори повеќе за да го спречи ширењето на дезинформации на интернет, велејќи дека на луѓето на социјалните мрежи им е „дозволено да шират лаги, злоупотреба и вознемирување“.

„Она што се случува на интернет се пренесува на улиците за неколку минути. Луѓето функционираат врз основа на информации кои не се вистинити“, рече принцот Хари во Богота на Самитот за одговорна дигитална иднина, пренесе лондонски „Тајмс“.

Весникот наведува дека Хари веројатно мислел на протестите кои избувнаа по трагедијата во Саутпорт, каде загинаа три деца, а државните власти оценија дека избувнале поради ширење на дезинформации на Интернет.

Неговата сопруга Меган Маркл исто така зборуваше за штетното влијание што мрежите можат да го предизвикаат.

„Не е важно каде живеете. Не е важно кој сте, бидејќи или вие лично или некој што го познавате е жртва на она што се случува на интернет. И тоа е нешто на што можеме активно да работиме секој ден“, рече Меган Маркл.

Слични содржини