Принцот Хари и Меган Маркл проговорија откако наводно ја одбиле поканата за роденденската забава на кралот Чарлс

од Vladimir Zorba
407 прегледи

Деновиве многу се зборува за врската на британскиот крал Чарлс и неговиот син Хари.

Имено, кралот на 14 ноември ќе го прослави својот 75 роденден, а по тој повод ќе одржи мала прослава за членовите на семејството и блиските пријатели.

Сепак, прво се пишуваше дека Чарлс не ги поканил Хари и неговото семејство на прославата, а неколку дена подоцна некои медиуми објавија дека војводата и војвотката од Сасекс всушност биле поканети на роденденот на кралот, но тие ја одбиле поканата.

Сепак, портпаролот на Хари сега изјави дека принцот и неговата сопруга Меган Маркл немале никаков контакт со Бакингемската палата.

„Немаше апсолутно никаков контакт во врска со поканата за претстојниот роденден на неговото височество. Разочарувачки е што „Сандеј Тајмс“ погрешно протолкува сè“, изјавија Меган и Хари преку нивниот претставник, пренесе „Харперс Базар“.

„Никој не им се јавил, ниту знаеле дека ќе има прослава, додека приказната не протече во медиумите“, додаваат тие.

Слични содржини