Принцот Хари купува стан во Лондон: На ​​Меган нема да ѝ се допадне причината

од Nikola Popovski
39,8K прегледи

Неодамна во јавноста протекоа документи во кои синот на кралот Чарлс ја ажурирал својата резиденција, бидејќи во март минатата година кралот ги исфрли него и Маркл од имотот во Велика Британија каде што дотогаш биле регистрирани. Меѓутоа, сега се појавија информации дека Хари се враќа во Велика Британија.

Имено, како што пишува „Page Six“, внукот на кралицата Елизабета моментално бара постојан дом во Англија за да може да се дружи со пријателите кои не се во добри односи со неговата сопруга Меган, тврди експертот за кралското семејство Том Квин. Тој за британските медиуми открил дека на принцот, кој живее со Маркл и нивните две деца – синот Арчи и ќерката Лилибет, во Монтесито, Калифорнија, полека почнува да му недостигаат некои работи од стариот живот.

„Порано или подоцна, завршува периодот на меден месец во кој сè во САД се доживува како ново и возбудливо, а Хари гледа во минатото низ розови очила“, открил Квин.

Експертот за кралското семејство вели дека најважните пријатели на Хари се негови пријатели од војска и колеги од колеџ, кои наводно не го посетиле откако се преселил во Америка бидејќи не им се допаднал неговиот избор за сопруга, па принцот наводно сега барал место во Лондон каде што може да се дружи.

„Хари е решен да го најде својот постојан дом во Обединетото Кралство, што делумно е причината зошто тој продолжува да презема правни дејствија за да ги принуди британските даночни обврзници да платат за неговата безбедност“, изјавил Квин за британските медиуми. Останува да видиме како на оваа информација ќе реагира сопругата на Хари, војвотката од Сасекс Меган Маркл, која се уште нема намера да се врати во Англија.

Да потсетиме, кога кралот Чарлс објави дека му е дијагностициран рак, неговиот син Хари веднаш отпатува од Америка во Велика Британија за да го посети својот татко. Нивната средба била кратка и им дала надеж на многумина дека оваа ситуација ќе ги поправи заладените односи меѓу Хари и остатокот од семејството. Но, очигледно нема напредок, што го потврдува и фактот што принцот Хари и неговата сопруга Меган и оваа година не добиле покана за „Trooping the Color“.

Како што пишуваат медиумите во Америка и Велика Британија, војводата и војвотката од Сасекс нема да бидат на официјалната прослава на роденденот на кралот Чарлс, која се одржува секоја година во јуни. Ниту минатата година не биле поканети на истиот настан. Бидејќи решиле да се повлечат од кралските должности и се преселиле во Калифорнија со своите деца, кралското семејство не ги кани на ваков тип на настани. Двојката двапати била присутна на „Trooping the Color“ во 2018 година кога се венчаа, а една година потоа се појавиле и на балконот од палатата со целото семејство.

Слични содржини