Британскиот принц Хари денеска се појави пред судот во Лондон, каде адвокатот кој ја застапува групата британски таблоиди има намера да бара отфрлање на тужбата на принцот и други познати личности поради снимање на нивните телефон и нарушување на нивната приватност.
Ова рочиште е дел од една од неколкуте тужби кои принцот Хари, војводата од Сасекс, ги покрена против медиумите. Се очекува рочиштето да трае четири дена, а присуството на принцот Хари во Високиот суд во Лондон е знак за важноста која тој му ја придава на случајот.
Медиумската група Associated Newspapers, издавач на весници како што е „Дејли Меил“, бара од судот да ги отфрли барањата на неколку лица од висок профил кои бараат отштета за злоупотреба на медиумите и незаконско стекнување на нивните приватни информации.
Меѓу останатите кои ги тужеа медиумите се пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш и актерките Лиз Харли и Сејди Фрост.
Кога тужбата беше објавена во октомври минатата година, медиумската група ја отфрли како „гротескна клевета“.
Четиридневното прелиминарно рочиште во Високиот суд во Лондон кое започнува денеска ќе ги разгледува правните аргументи и судиите ќе одлучат дали случајот може да продолжи.