Принцот Хари утринава го загуби спорот на Високиот суд против владата поради нивото на безбедносната заштита која ја добива кога е во Велика Британија.
Војводата од Сасекс се обидуваше да ја поништи пресудата со која беше намален неговиот безбедносен статус откако тој престана да биде „активна кралска власт“, објави Би-Би-Си. Неговите адвокати тврдеа дека начинот на кој е донесена одлуката е неправеден.
Британското министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека безбедноста на принцот Хари се одлучува од случај до случај. Уште во декември, кога започна спорот, адвокатите на министерството за внатрешни работи кажале пред Високиот суд дека принцот Хари ќе продолжи да има јавно финансирано полициско обезбедување, но дека тоа ќе бидат „прилагодени аранжмани, скроени конкретно“ за принцот, а не континуирано обезбедување какво што имаат членовите на кралското семејство.
Одлуката може да влијае на идните посети на принцот Хари на Британија, бидејќи тој претходно тврдеше дека пониските нивоа на безбедност го отежнуваат внесувањето на членовите на неговото семејство во земјата.
Принцот Хари живее во САД со сопругата Меган и нивните две деца.