Принцот Вилијам се среќава со Трамп на отворањето на „Нотр Дам“ во Париз

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Британскиот принц Вилијам вечерва во Париз на свеченото отворање на реновираната катедрала „Нотр Дам“ ќе се сретне со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, потврдија денеска од неговиот кабинет.

Принцот Вилијам ќе отпатува во Париз во текот на денот на барање на француската влада за да го одбележи повторното отворање на катедралата по реставрацијата, по разорниот пожар во 2019 година, пишува Гардијан.

Во Париз тој ќе се сретне и со првата дама на Америка во заминување, Џил Бајден, а на настанот ќе присуствуваат бројни светски лидери на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Покрај Доналд Трамп и Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, гости се италијанскиот претседател Серџо Матарела, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, како и педесет други шефови на држави, меѓу кои и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, белгиската кралската двојка Филип и Матилда и многу други.

Предвидено е претседателот Макрон да одржи краток говор пред катедралата, по што парискиот надбискуп ќе ја изврши првата церемонија и ќе ги отвори вратите на зградата, по што ќе следи литургија со благослов.

Свеченоста ќе заврши со концерт, нешто по 21 часот.

„Нотр Дам“ се запали во 2019 година, кога избувна под покривот на зградата, а пожарот беше изгаснат 15 часа подоцна.

Во пожарот изгорела кровната конструкција со камбанаријата, а тешко се оштетени внатрешноста на катедралата, горните ѕидови и прозорците.

Се проценува дека на реконструкцијата на катедралата, која чинела околу 860 милиони евра, работеле речиси 2.000 луѓе.

Околу 14 милиони луѓе годишно ја посетуваат катедралата „Нотр Дам“.

Слични содржини