Сушата годинава го намали квалитетот и родот на речиси сите земјоделските производи. Како што информираат дел од земјоделците од Струмица, откупната цена за прва класа изнесува 45 денари, за прва-втора класа е 35 денари, за втора класа изнесува 20 денари, а за трета класа –15 денари.
-Поради климатските промени и малото производство, и овие цени се ниски, изјави за „Бизнис Инфо“, Ристо Велков, претседател на Регионалниот сојуз на земјоделци од Струмица.
Од Националната земјоделска мрежа велат дека високите дневни температури и ниските вечерни директно влијаат врз кластот и оризовото зрно.
-Кај тутунопроизводството исто така приносите се речиси преполовени, што влијае врз намалување на приходите во буџетот од тутун, информира Ѓорѓи Каракашев претседател на Националната земјоделска мрежа.