Принова во ЗОО Скопје: По четири години се роди бебе белоглав мршојадец

од Берта Китинска
278 прегледи

Нова принова во ЗОО Скопје се роди бебе белоглав мршојадец.

-После четири години имаме и бебе белоглав мршојадец што особено не радува бидејќи овој вид е загрозен.Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето, информираат од ЗОО Скопје.

Тие појаснуваат дека женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце.

-Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.Мило ни е што и во минатато и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување, велат оттаму.

Слични содржини