Принцезата Беатрис го исекла Ед Ширан со меч

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Пејачот Ед Ширан бил пренесен во болница, откако за време на забавата британската принцеза Беатрис го исекла со меч. 5181550Инцидентот се случил додека принцезата, која е седма по ред за наследување на британскиот престол, на шега му доделувала витешко звање на друга ѕвезда – Џејмс Блант.

За време на секуларниот настан во Виндзор пејачот се пошегувал дека би сакал да стане витез. Во овој момент Беатрис донела церемонијален меч и замавнала, без да знае дека Ширан е зад неа.

5181551Тој му нанела исекотини по образот и тој веднаш бил одведен во болница. Според некои британски медиуми Ширан бил среќен за малку, бидејќи можел да ослепее ако раната била малку повисоко.

Претставници на принцезата Беатрис и жртвата сè уште не го коментираа инцидентот пред печатот.

Во 2012 година младиот Ширан доби две награди Бритза “Најдобар машки соло уметник” и за “Пробивот во британската музика”. Во 2015 година доби награда Брит за “Најдобар британски албум на годината”, и беше номиниран за Албум на годината на 57-ите годишни награди Греми.

Принцезата Биатрис е блиска пријателка и со актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер.