Иако од смртта на принцезада Дијана поминаа 22 години, нејзиниот живот, особено бракот со принцот Чарлс, се уште се наоѓа под будното око на јавноста.
Во документарецот „Charles and Di: The Truth Behind Their Wedding“, кој се занимава со односот на Дијана и Чарлс, откриено е што зборувал принцот со пријателите, еден ден пред венчавката со Дијана.
Наводно, најмногу го загрижувала разликата во годините. Чарлс тогаш имал 31 година, а Дијана само 19.
„Навистина е многу убава, но е дете. Не изгледа ни како да завршила школо, а не пак да се жени“, рекол тој.
Исто така, тој на пријателите им признал дека е „збунет и анксиозен“ и дека е „згрозен“ со фактот дека ќе мора да даде ветување поради кое би можел да зажали.
„Чарлс постојано повторуваше дека сака да го направи она што е најдобро за неговата земја и неговото семејство, но во срцето, дури и тогаш знаеше дека немаат ништо заедничко“, раскажала експертката за кралското семејство Ингрид Сувард.
Ниту самата Дијана не била воодушевена со идејата да се омажи за Чарлд бидејќи само неколку дена пред венчавката го слушнала својот иден маж како и вели на љубовницата Камила дека ќе ја сака засекогаш.
Дијана, еден ден пред венчавката, и рекла на својата сестра дека не може да се омажи за човек кој сака друга.
„Касно е. Твоето лице е на секоја шолја во Лондон“, ѝ одговорила сестра и.
Принцезата Дијана во едно свое интервју признала дека денот пред венчавката се чувствувала како јагне кое оди на колење.
„Додека влегував во црквата, само ја барав Камила, а тогаш ја здогледав, во сив фустан. Се надевав дека по венчавката со нив ќе биде готово, но не беше. Мојот маж на нашиот меден месец носеше алка со две букви „C“ (Charles, Camila) која таа му ја имаше подарено“, рекла принцезата пред разводот од принцот Чарлс.