📸 Михаел Шумахер по 10 години повторно во јавноста: Ќе се појави на венчавката на својата ќерка?

од Stefanija Kuzmanovska

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер наскоро би можел да се појави на венчавката на својата ќерка Џина Марија и нејзиното долгогодишно момче Бетке.

Ова е вест што ја објавија бројни светски медиуми, кои наведуваат дека церемонијата треба да се одржи на Мајорка, каде семејството Шумахер поседува резиденција купена од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2017 година.

Џина Марија Шумахер е најстарото дете на Шумахер и таа е јавач на коњски трки, додека помладиот Мик е возач на моторни трки кој своевремено се обиде во Формула 1.

За жал, состојбата на нивниот татко, за многумина најдобриот Формула 1 возач на сите времиња, не е добра. Михаел Шумахер веќе цела деценија живее далеку од очите на јавноста, откако доживеа несреќа на скијање на француските Алпи и се здоби со тешки повреди на главата.

Слични содржини