Принцот Џорџ остави уште еден Канаѓец со раката во вис, по само неколку дена, откако одби да се поздрави и со канадскиот премиер. Малиот принц, очигледно не беше во расположение за забава кога поминуваше на аеродромот “Victoria”, на последниот ден од турнејата на неговото семејство во Канада.
Откако тој го игнорираше обидот на премиерот Џастин Трудо да го направат пријателскиот поздрав “дај петка”, на пристигнувањето во Канада неколку дена претходно, овој пат неговото ледено расположение го покажа на момчето Даниел Брахман. 
Даниел беше виден како се приближува кон младиот принц, кој ја држеше раката на татко му Војводата од Кембриџ, и кога канаѓанецот ја испружи раката, принцот само се сврте кон татко му. 
И покрај тоа 9-годишниот Даниел, кој беше претставник на организацијата “Power to be bent down” беше возбуден што се запозна со кралското семејство, подавајќи и букет цвеќиња на Војвотката.

