Принцот Ендрју се повлекува од должностите

Синот на кралицата Елизабета Втора, принцот Ендрју, изјави дека отстапува од кралските должости поради скандалот поврзан со неговиот покоен пријател Џефри Епштајн кој беше во затвор под обвинение дека приредувал педофилски оргии. Медиумите почнаа да го поврзуваат принцот со целиот скандал поради што војводата од Јорк ја замолил кралицата да отстапи од обврските кои ги извршува во името на кралското семејство.

– Последните неколку дена ми стана јасно дека мојот однос со покојниот Џефри Епштајн ме спречува во вршењето на кралските должности и работта во бројните хуманитарни организации на кои сум многу горд. Поради тоа, ја замолив, Нејзиното Височество, да отстапам од обврските, а таа тоа го одобри. Самоубиството на Епштајн остави многу неодговорени прашања, особено за неговите жртви и длабоко сочувствувам со сите оние кои се погодени. Се надевам дека со текот на времето ќе успеам да го обновам својот живот. Спремен сум да помогнам на истрагата – изјави принцот во службено соопштение на социјалните медиуми.

Ендрју во ексклузивно телевизиско интервју за BBC во Бакингемската палата, мораше да одговори на незгодни прашања кои само повеќе кренаа прашина во јавноста. Една од жртвите на Епштајн, Вирџинија, тврди дека принцот Ендрју имал сексуални односи со неа кога таа имала само 17 години.

Вирџинија тоа детално го опишала пред судот во Флорида, вклучувајќи го и ентериерот на куќата во Лондон на Епштајн. Исто така, таа детално го опишала и дворецот на Епштајн во Њујорк, во кој била во 2001 година, кога имала 17 години.

Но, ова не е прв пат принцот да го поврзуваат со контроверзии. Неколку пари бил под истрага и тоа поради средба со Саиф, синот на диктаторот Моамер Гадафи. Исто така, имал блиски врски со Тимур Кулибаев, зет на тогашниот претседател на Казахсан кој купил еден од имотите на принцот за три милиони фунти повеќе од она што принцот го барал.

Поради бројните патувања и големите патни трошоци, жестоко бил критикуван. Ендрју добар дел од трошоците ги потрошил во Америка каде често се дружел со Епштајн.

Слични содржини