Принцот Ендру се крие кај мајка му – бега од тужбите за сексуална злоупотреба

од Vladimir Zorba
493 прегледи

Веста дека неговата ќерка, принцезата Беатрис, стана мајка за прв пат, не може да го извлече принцот Ендру од шкотскиот замок.

Војводата од Јорк се уште се крие во Шкотска на имотот на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, со цел да ги избегне обидите да ги достави правните документи за сексуална злоупотреба за кои е обвинет.

Беатрис роди девојче тешко 2 килограми. Нејзината помлада сестра Јуџини роди син, Аугуст, пред седум месеци, па принцот Ендру за кратко време доби две внуци.

Ќерката и внуката отишле кај војвотката од Јорк, Сара Фергусон, која викендов се вратила од Балморал, Шкотска.

„Малото девојче е совршено, Сара е целосно маѓепсана. Таа секогаш беше многу горда на двете ќерки, а сега е особено среќна затоа што за една година доби две внуки”, открила пријателката на војвотката за „Daily Mail“.

Но, проблематичниот поранешен сопруг на Сара не дојде да ја види својата внука. Тој избега на имотот на неговата мајка пред повеќе од една недела со цел да избегне одговор на тужбата поднесена против него во американскиот суд од поранешната сексуална „робинка“ на контроверзниот милијардер Џефри Епштајн – Вирџинија Гифер.

Таа тврди дека била принудена да има секс со принцот Ендру три пати.

Слични содржини