Принцот Филип лут на Меган и Хари: Што, побогу, изведуваат сега?

од Elena Daskalova
345 прегледи

Актуелноста на овој настан не престанува, а очигледно е дека британските медиуми нема да се смират додека не дознаат како секој член поединечно реагирал кога ја чул веста за повлекувањето на Меган и Хари.

И додека едни мислат дека тоа е договорено со кралицата и со принцот Чарлс, други тврдат дека членовите на семејството не знаеле за ова и дознале од медиумите. Но, што и да се случило, факт е дека бурата никако не се смирува.

Кога принцот Филип, сопругот на кралицата, ја слушнал веста, изреагирал бесно и кратко: „Што, побогу, изведуваат сега?“

Тој многу се разочарал во својот внук, лут е и бесен и со денови не излегол од својата соба. Го обвинил Хари дека не ја почитува кралицата и дека е длабоко повреден од оваа негова постапка.

Принцот Филип подолго време е вознемирен од однесувањето на Хари, почнувајќи од нивниот божикен одмор, кој го прифатиле, но оваа одлука многу го повредила.

Слични содржини