Принцот Филип со Итна помош пренесен во друга болница, се огласи и палатата

од Vladimir Zorba

Британскиот принц Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета, беше пренесен во друга болница во центарот на Лондон во понеделникот за да му бидат направени тестови поради претходни проблеми со срцето и да ја лекуваат инфекцијата.

Филип, војводата од Единбург, беше примен во приватната болница Кинг Едвард VII во Лондон. пред две недели поради неодредена инфекција, која не е поврзана со Ковид-19.

Во понеделникот, Бакингемската палата објави дека е пренесен на понатамошно лекување и набљудување во болницата Свети Вартоломеј, која е меѓу најдобрите во областа на кардиологијата.

„Војводата … реагира на третманот, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на палатата.

Фотографите и ТВ екипите пред болницата „Крал Едвард“ претходно видоа дека пациентот е сместен во брза помош, скриен од очите на медиумите со помош на чадор што го носат болничкиот персонал и полицијата, иако нема потврда дека тоа беше принцот.

Кралицата е во Виндзор, каде што парот беше за време на карантинот поради коронавирусот, а минатата недела таа продолжи со службените должности.

Двајцата ја примиле првата доза на вакцина против Ковид, а инфекцијата на војводата не била поврзана со вирусот.

Слични содржини