Принцот Хари: Би сакал моите деца да имаа можност да ја запознаат Дијана

од Vladimir Zorba

Британскиот принц Хари би сакал неговите деца да имаат шанса да ја запознаат неговата мајка и се надева дека 25-годишнината од нејзината смрт следната недела ќе биде ден исполнет со спомени и љубов.

Хари имаше само 12 години кога принцезата Дијана почина на 31 август 1997 година, откако лимузината во која се возеше со нејзиниот љубовник Доди ал-Фајед доживеа несреќа во Париз додека таа брзо бегаше од папараците, кои ја бркаа со мотори.

Аристократот зборуваше на вечера откако присуствуваше на поло натпревар во Карбондејл, Колорадо, во име на добротворната организација „Sentebale“, која ја основа во 2006 година со принцот Сисо од Лесото за да им помогне на децата и младите.

„Следната недела се навршуваат 25 години од смртта на мајка ми и таа сигурно никогаш нема да биде заборавена. Сакам тоа да биде ден исполнет со сеќавања за нејзината неверојатна работа и љубов кон начинот на кој го правеше тоа“, вели Хари, според текстот на говорот објавен од добротворната организација.

„Сакам ова да биде ден да го споделам духот на мајка ми со моето семејство, со моите деца, кои би сакал да можеа да ја запознаат“, додаде принцот.

Дијана беше вклучена во повеќе од 100 добротворни организации, од кои многу работеа во корист на бездомниците, децата и луѓето со ХИВ и СИДА.

Хари, кој сега има 37 години, и неговата американска сопруга Меган Маркл се пресели во САД пред две години за да водат понезависен живот. Тие живеат во замок во Калифорнија со нивните две мали деца – Арчи и Лилибет.

Тој и неговиот брат принцот Вилијам (40) зборуваа за траумата што ја предизвика смртта на Дијана и како тоа влијаело на нивното ментално здравје во годините потоа.

„Се надевам дека ќе ја направам горда“, додаде принцот Хари.

Слични содржини