Британските таблоиди повторно пишуваат за љубовниот живот на помладиот син на покојната принцеза Дијана. Всушност, принцот Хари (31), наводно, има нешто повеќе од пријателски односи со актерката Меган Маркл (35), која се прослави со улогата на “Rachel Zane” во популарната серија “Suits”.

Заводникот со сина крв и убавата актерка се запознаа во Канада, а подоцна неколку пати беа видени заедно во Лондон. Извор, близок на принцот, откри дека нивната врска е сè уште во многу рана фаза, но дека Хари е воодушевен од актерката.

Принцот, за кој неговите блиски пријатели тврдат дека никогаш не бил посреќен, наводно веќе ја запознал новата девојка со неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои се воодушевени од изборот на неговата нова партнерка.