Принцот Хари со сопругата Меган и синот Арчи неодамна се преселиja од Лос Анџелес во Санта Барбара, но поради покана за еден настан оваа двојка „скокна“ накратко во ЛА. Тие со задоволство одговорија на повикот на непрофитната организација Baby2Baby и помогнаа да им се дистрибуираат училишни материјали, ранци, облека, храна и средства за хигиена на децата кои започнале да одат на училиште.
Меган и Хари живеат нов и различен живот, откако решија да се повлечат од своите кралски должности и се преселија од Велика Британија во Америка. Меган не можеше да се прилагоди на кралските правила и сега е конечно слободна и повеќе не мора да ги почитува кодексите за облекување на кои мораше да се придржува како војвотка од Сасекс.
Така, сега таа дојде на овој настан во шорцеви и едноставна бела кошула, а слична облека избра принцот Хари. Двојката повеќе го нема својот официјален профил на Инстаграм, но нивните фанови се уште се многу активни на социјалните мрежи и го следат секој чекор на оваа двојка на неколку профили, па не ја пропуштија оваа активност на Хари и Меган, а особено им се допадна една фотографија.
На неа Меган му помага на едно момче околу училишната торба што ја носи и Хари се спушти до висината на момчето за да може да го погледне во очи и сите на таа слика ги видеа Меган и Хари со малиот Арчи за неколку години и тоа многу ги разнежни.