Принцот Хари и Меган Маркел пред фотографите

од Vladimir Zorba
121 прегледи


Британскиот принц Хари и неговата девојка, Меган Маркел, го направија својот прв вистински заеднички јавен настап.


Помалиот син на британскиот престолонаследник принцот Чарлс и ѕвездатаод серијата “Костимари” забележани и фотографирани заедно, и за првпат таа  принцот го придружува на официјален ангажман.
Фатени за раце, 33-годишниот принц Хари и 36-годишната Меган Маркл се појавија на тенис манифестација за инвалиди во Торонто во рамките на т.н. Игри на непобедливите(Invictus Games).

Ова се игри за војници ранети во извршувањето на нивните должности. Тие беа основани од принцот Хари
во 2014 година. 
Меган Маркел, исто така, присуствува на церемонијата на отворање во саботата. Но, тогаш љубовниците беа разделени. Актерката седеше по ред зад нејзиниот љубовник, додека принцот Хари беше во ВИП Ложа
заедно со првата американска дама Мелани Трамп. А сега, тоа е тоа!