Принцот Хари: Преку поминатото време со Меган го сфатив проблемот со расизмот

од Nikola Popovski

Британскиот принц Хари соопштил дека му требало многу време да сфати дека постои несвесна расна пристрасност и дека тоа го сфатил откако поминал повеќе време со неговата сопруга Меган.

Принцот ова го кажа во разговорот на тема расизам со Патрик Хачинсон, активист (црнец), кој на фотографија за Ројтерс во јуни во Лондон е фотографиран како носи белец на сигурно по конфликтот помеѓу демострантите против расизмот и припадниците на десницата.

Хари во разговорот рече дека поради неговата несвесна расна пристрасност, воспитувањето и образованието, тој не можел да разбере дека расизмот постои и што точно значи тоа.

– За жал, ми беа потребни многу, многу години за да го сфатам тоа. А, во тоа ми помогна мојата сопруга Меган, изјави британскиот принц.

Хари и Меган неколку пати зборуваа за ова прашање откако се откажаа од кралските должности кон крајот на март и се преселија во Калифорнија.

Хачинсон на Хари му кажа дека присуствувал на протест, на кој била повредена една полицајка, па тој и пријателите одлучиле да дојдат на следниот собир за да го зачуваат мирот.

„Ги штитевме сите, па се покажа дека тоа биле и оние од другата страна. Јас би го направил тоа за било кој и би го повторил истото“, рече тој.

Хари го праша како се чувствува кога гледа дека има постојано противење на протестите против расизмот.

„Тоа фрустрира“, кажа овој татко на четири деца.

„Само се прашуваш зошто на луѓето им е тешко да сфатат која е нашата цел – еднаквоста.“

Слични содржини