Принцот Хари пристигна во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот од Лос Анџелес во Лондон за да присуствува на погребот на неговиот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, на 17 април.
Војводата од Сасекс ексклузивно го снимиле новинарите на таблоидот „Сан“ додека се симнувал од летот од Лос Анџелес во 1.15 часот по лондонско време.
Принцот Хари беше пречекан на пистата на аеродромот од припадници на кралското обезбедување и полицијата.
Тој го напушти аеродромот под придружба.
Медиумите претпоставуваат дека принцот Хари до погребот ќе го помине времето во Колиџот Нотингем, палатата Кенсингтон, каде што живееше со Меган Маркл на почетокот на бракот.
Неговата сопруга, која е во третото тромесечие од бременоста, остана во Лос Анџелес „по совет на лекар“.
Според законот, принцот Хари треба да помине десет дена во карантин, но ќе му биде дозволено да присуствува на погребот ако по пет дена неговиот тест за ковид 19 е негативен.
Војводата од Сасекс пристигна на погребот откако разговараше со неговиот татко, принцот Чарлс.
Наследникот на престолот објави дека „со нетрпение чека“ да го види својот син.
Медиумите шпекулираат дека семејството ќе го искористи времето до погребот за да ги залечи раните предизвикани од неодамнешното крајно контроверзно интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.