Принцот Хари си ги издепилира градите проади Меган

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Минатата недела принцот Хари и саканата Меган Маркел беа меѓу почесните гости на свадбата на Том Инскип во Јамајка. Тоа беше повод за нови гласини и тоа меѓу пријателскиот круг на кралското семејство. Изгледа до неодамна “природниот” син на Чарлс почнал да се депилира што го претвори во предмет на потсмев меѓу неговите најблиски.

“Хари секогаш бил маж како маж, па промената е вистински шок за неговите пријатели. Тие сметаат дека новите разубавувачки методи се начин да ја импресионира девојката Меган. Во моментов градите му изгледаат како на херој од “Спасувачи на плажата”, само без тенот “, откри извор за The Sun.

Минатата година од палатата Кенсингтон официјално потврдија дека 32-годишниот Хари и 35-годишната Меган се среќаваат неколку месеци. Оттогаш вљубените се појавувале заедно на разни јавни места во светот.

“Ова е прв пат, во кој таа и Хари се дружат така отворено како двојка и тоа е важен чекор во нивната врска. Не е глума, Хари е вљубен до уши во Меган. Тоа може и да стигне до самиот крај со него “, коментира пријател на принцот пред медиумите.