Најмладото дете на принцот Вилијам и Кетрин го направи своето деби на балконот на
Бакингемската палата по воената парада во чест на кралицата Елизабета Втора.

Војводата од Кембриџ го држеше во раце својот 13-месечен син на неговото прво појавување на
кралскиот балкон. Малиот Луи беше во друштво на неговите родители, како и братот и сестрата,
принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Детето носеше кратки панталони во кралско сино, во комбинација со бела кошула со везови во
бојата на панталоните, бели чорапи и темно сини сандали.
По парадата со авионите, во која беа вклучени од историски машини до најсовремените воени
летала, националната химна звучеше, а едногодишното момче ракоплескаше со рацете.
Досега, принцот Луи се појавува релативно ретко на јавни места, освен за неговото претставување
на денот на раѓање, крштевање и семејно патување до Цветното шоу во Челзи.
Тој појави на виделина на 23 април 2018 година во болницата Св. Мери во Лондон. Целосното име
му е Луи Артур Чарлс и е петти по линија на Наследство на британскиот трон по неговиот дедо
принцот Чарлс, таткото – принцот Вилијам, неговиот брат – принцот Џорџ и сестра – принцезата
Шарлот.