333
Принцот Алберт од Монако е позитивен на коронавирусот, соопштила вчера кралската палата, пишува Daily Mail.
Власта во државата рекла дека не е загрижена за здравјето на 62-годишниот владетел.
Палатата рекла дека здравјето на Алберт „не загрижува“, додавајќи дека ќе продолжи да работи од изолација. Меѓутоа, го надгледува неговиот личен доктор и специјалисти од од болницата.
Не е познато дали неговата сопруга Шарлин е тестирана.
Принцот ги повикал жителите на Монако да ги почитуваат правилата за карантин.