Саудиска Арабија мора да позајми уште пари, и тоа во милијарди. Овој пат ќе се обидат по пат на обврзници. Кралството соопшти дека на тој пазар позајми 12.5 милијарди долари од меѓународни инвеститори, трет пат за помалку од година.

Најновиот долг ќе пристигнува на рати: 3 милијарди долари за пет години, пет милијарди за 10 години, и 4,5 милијарди за 30 години.
Крахот на цената на нафтата во минатите две години ги наруши финансиите на Саудиска Арабија, што доведе до голема дупка во буџетот на кралството. Познато е дека дефицитот во моментот е 71 милијарди долари.
Саудиска Арабија претстави и план за да го избалансира својот буџет до 2020 година, тој план е дел од големиот проект за ремонт на стопанството – познат како Визија 2030 која принцот престолонаследник ја најави.
Се ова се прави за да се намали зависноста од нафтата.