Британскиот принц Вилијам изјави дека за него не би било проблем ако некое од неговите деца се
покаже геј. Тој повеќе се грижи за тоа како јавноста ќе реагира на ова прашање.
Принцот Вилијам даде изјава за време на посетата во Лондон на непрофитна организација која
работи со млади претставници на ЛГБТ заедницата, кои се бездомници или живеат во неповолна
средина, пишува „People“.
Учесник во дискусија организирана од фондацијата „Алберт Кенеди“, го праша: „Ако некое од
вашите деца некој ден ви каже: „Јас сум геј, или јас сум лезбејка, како ќе реагирате?“
„Знаете, сум размислувал за тоа, бидејќи други родители исто така ми обрнаа внимание на ова
прашање. Никогаш не мислиш за тоа, додека не станеш родител и сум на мислење дека за мене
апсолутно нема проблем“, вели принцот Вилијам и додава: „Поскоро се плашам не за нивната
сексуална ориентација. туку за тоа како ќе реагираат и ќе бидат прифатени од останатите и дали
нема да биде вршен притисок врз нив!“
Тој и неговата сопруга Кејт веќе зборувале за прашањето и одлучиле дека ако тоа се случи еден
ден, тие би покажале целосна поддршка на децата, особено поради нивната улога во општеството и
јавното внимание кон нив.
„Со Кетрин разговаравме многу за тоа, за да бидеме подготвени. Комуникацијата е многу важна“,
категоричен е принцот.
Во минатото Вилијам исто така посведочи за својата поддршка за ЛГБТ заедницата, откако се
фотографираше и за списанието „Attitude“ во 2006 година.