Во првата изјава за јавноста на принцот Вилијам, по одлуката на брат му да се повлече од кралското семејство, тој со болка зборува дека секогаш му бил поддршка, но веќе не можел.
„Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство.
Кралицата Елизабета закажала кризен состанок на кој ќе се разгледаат опциите за натамошните ангажмани на принцот Хари и неговата сопруга Меган. На состанокот ќе биде присутен и принцот Чарлс, таткото на Хари, кој е прв наследник на кралскиот престол.