Принцот Вилијам: Татковството ми предизвика болни сеќавања на смртта на мајка ми (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Британскиот принц Вилијам изјави дека неговото татковство му предизвикало болни сеќавања за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, кога имал 15 години.

Говорејќи во документарецот на БиБиСи за менталното здравје, Војводата од Кембриџ, кој денес има три деца со својата сопруга Кејт, рече дека родителството одеднаш може да предизвика чувства првично предизвикани од некој трауматски настан.

Дајана, принцезата од Велс, почина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз.

Во документарецот, Вилијам вели дека ситуацијата предизвикана од нејзината смрт понекогаш е премногу тешка за него, но дека тој ја има поддршката од својата сопруга во тој момент.

– Кога имате деца, тоа е најголемата животна промена … Тоа е еден од најневеројатните моменти во животот, но и еден од најстрашните – рече принцот.

Слични содржини