Принцот Вилијам, во соработка со татко му, му ја запечатија судбината на принцот Ендрју

429 прегледи

Принцот Вилијам заедно со татка си, извршиле притисок врз кралицата, да направи преседан во кралскиот протокол и својот син, принцот Ендрју, чие име се слуша се погласно и почесто, да го разреши од кралските должности.

При крајот на авугст оваа година, како бомба одегнаа гласините дека британскиот принц Ендрју бил вплеткан во сексуален скандал под кој се терети за сексуално злоставување малолетници. Целиот случај се вртеше околу милијардерот Џефри Епштајн, сексуален предатор и педофил, кој во текот на годините малтретирал малолетници и ги користел како сексуални робови, а со кој често се дружел и принцот Ендрју.

Епштајн потоа заврши во притовор со обвиненија за сексуално малтретирање малолетници, што се случувало на во неговиот приватен авион, но и на приватниот остров како и некои останати резиденции во негова сопственост. Кратко потоа, во својата затворска ќелија, тој изврши самоубиство и со него однесе многу тајни.

По неколку месечни нагаѓања и се погласни шушкања, на таа тема конечно се огласи и принцот Ендрју. Тој даде ексклузивно интервјуза BBC во кое тврди дека не учествувал во оргиите со малолетниците, и покрај тоа што од фотографиите, кои излегоа во јавност, може да се заклучи поинаку.

Во интервјуто кое го дал за BBC и со кое сакал да го исчисти своето име, вусшност само повеќе го изгнаси.

– Немам никакви сеќавања дека некогаш сум запознал и сигурен сум дека никогаш не сум бил со неа. Многу работи во нејзината приказна се погрешни, една од нив е и дека не знам ниту каде се напѓа тој бар. Не пијам и мислам дека никогаш не сум се напил во Трмпс, доколку сум бил таму – неповрзано зборувал принцот Ендрју.

– Не се сеќавам дека биле направени било какви фотографии и некој не може дали таа е вистинска или лажно бидејќи тоа се фотографии… Едноставно не верувам дека на таа фотографија од Лондон сум јас, бидејќи кога излегувам во Лондон, секогаш носам одело и вратоврска – рекол во интервјуто британскиот принц.

Многумина сметаат дека неговата одлука сепак да даде интервју, откако многу окази против него го поврзуваат со сексуалниот престапник, била многу голем ризик, со оглед на тоа што членовите на кралското семејство не одговараат на такви прашања. Но, штетата е направена, каква разрешница ќе има, ќе треба да видиме.

– Никогаш во животот не сум видел таква катастрофа и ова е порака до сите студенти и идни ПР агенти, вака не се работи – рекол угледниот ПР за кризни ситуации, Марк Борковски и заклучил: Тој делуваше како да е закопан во жив песок и мислам дека никој, и да може, не би му дал јаже да се спаси.

Колку штета врз себе си нанесе принцот докажува и тоа што по прикажувањето, неколку организаци во кој бил почесен член го исфрлиле, а на крајот морал да ја напушти и приватната канцеларија во Бакингемската палата и да ја прекине секој врска со сопствената добротворна организација „Pitch@Palace“.

Освен неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, ниту еден член од кралското семејство не се огласи околу скандалот, но добро уптени извори тврдат дека во внатрешноста на палатата дошло до многу спротиставени ставови и мислења.

Во одлуката принцот да ја напушти палатата, најмногу бил вклучен принцот Вилијам, втор по ред за наследство на тронот.

– Принцот Вилијам се повеќе е вклучен во такви кралски одлуки, а тој и не е обожавател на својот стрико. Всушност Вилијам вил најгласен кога се зборувало за разрешување на принцот. Целиот тој скандал, вмешаноста со Епштајн, беа премногу – рекол еден од изворите за британските медиуми.

Слични содржини