509
Кејт Мидлтон, наводно, е бремена по четврти пат и носи близнаци, пренесуваат британските таблоиди.
Кејт и Вилијам имаат три деца, принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (4) и најмладиот принц Луис (1), а според пишувањата на британските медиуми нивното семејство наскоро ќе се прошири.
Таблоидот „Globe“ тврди дека Кејт е бремена со близнаци поради што Вилијам е многу загрижен бидејќи војвотката има проблеми со трудничка хиперемеза. Станува збор за силно повраќање, предизвикано од бременоста, кое предизвикува дехидрација.